(ВИДЕО) Заев: Струмицо моја, тоа е понижување и газење на твоето достоинство, но ќе победиме

Од:

По драмата, кавгите и обвинувањата Државната Изборна Комисија одлучи да се прифатат приговорите на ВМРО-ДПМНЕ и да се прегласува на три избирачки места во Струмица.

Зоран Заев, за А1он, вели дека ова е невидена дрскост.

„Слушна и виде цела Македонија, но слушна и виде цела Струмица што се случуваше во ДИК. Поголема дрскост немало, на кукавички и вулгарен начин сакаат да го намалат цензусот од првиот круг, а за победа не ни размислуваат. Струмицо моја, тоа е понижување и газење на твоето достоинство. Убеден сум дека со ова прегласување само ќе ја зголемиме победата“, вели Заев.

Се работи за избирачките места 1727, 1730 и 1734, а вкупниот број на гласачи во овие три места е 3.255, од кои на локалните избори во неделата излегле да гласат 2.553 граѓани.

За ваквата одлука во Државната Комисија гласаа тројцата претставници од ВМРО-ДПМНЕ и Бедредин Ибрахими од ДПА.

Катерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?