Заев: Средбата на Пендаровски со Макрон може да биде само од помош

Од:

Премиерот Зоран Заев ја поздравува најавената средба на претседателот Стево Пендаровски со неговиот француски колега Емаунел Макрон и смета дека таа може да биде само од помош и е можност уште еднаш да се разговара и да се претстават аргументите што се на нашата страна во процесот на проширување.

– Среќен сум што конечно наш висок претставник, а тоа е првиот човек на државата, претседателот Пендаровски ќе може да се види со првиот човек на пријателска Франција. Тоа за нас секако е можност уште еднаш да се разговара за сите аргументи на светот што постојат на наша страна, за претседателот Макрон уште еднаш да ги разгледа ситуациите во духот на паралелениот процес на нови методологии за да се одвива самиот процес затоа што е важно и тоа не е важно само за Република Северна Македонија, само за Западен Балкан, важно е за Европа. Важно е навистина за целиот европски континент, за ЕУ е многу важно. Верувам дека ќе биде одлична можност да ги претставиме нашите ставови нашите аргументи по ова прашање, изјави премиерот Заев одговорајќи на новинарско прашање по тркалезната маса во Собранието за промена на изборниот модел.

Тој изрази надеж дека во иднина ќе може да се сретне и тој со Макрон, посочувајќи дека „три-четири месеци барал средба“.

– Се надевам дека во иднина и јас ќе имам таа можност. Јас сум среќен што претседателот ќе се види и знаете дека некои три-четири месеци барав и јас средба, веројатно и претседателот Пендаровски барал средба со претседателот Макрон, но сум среќен што првиот претставник на нашата држава ќе оствари средба која може да биде само од помош, потенцира Заев.

Би можело да ве интересира

Макрон: Разговарав со Зеленски, го поздравувам усвојувањето на санкциите на ЕУ против Русија

Макрон: Слободата никогаш не била толку загрозена од 1945 година како што е сега

Макрон: За да бидеме слободни во овој свет, мора да бидеме „страв и трепет“

Горан Наумовски

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина

Макрон: Разговорите со Путин не донесоа напредок за прекин на огнот во Украина

Макрон: Апсурдно е да се бара од Европа да троши повеќе додека е во трговска војна