Заев: Сочувство и остра осуда на насилните инциденти што го потресоа светот!

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, упати телеграми до властите во Русија, Германија и Швајцарија по, според сите индиции, терористичките напади, со жртви во овие земји, што синоќа го потресоа во светот. Претседателот Заев во име на граѓаните на Република Македонија, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и лично име изрази искрено сочувство за жртвите и повредените и остро ги осуди насилните инциденти.

„СДСМ и граѓаните на Република Македонија се придружуваат на светската демократска јавност во најострата осуда на терористичките напади во Анкара, Берлин и Цирих.

Убиството на рускиот амбасадор Андреј Карлов во Анкара додека говорел на изложба, убиството на најмалку 12 лица и 48 ранети, според последните информации, во експлозија на камион кој влетал на божиќен пазар во Берлин, како и нападот пред Исламскиот центар за молитва во Цирих каде што има ранети, се кукавички акти на провокации коишто бараат мудар и одговорен пристап од цивилизираниот свет, којшто треба сторителите да ги изведе пред лицето на правдата и да ја сочува општата стабилност и безбедност на граѓаните во светот.

Овие грозоморни напади покажуваат со каква енергичност демократскиот свет е неопходно, уште поцврсто и поорганизирано и да се обедини во одговорот на сите форми на закани со насилство и на насилство што го загрозуваат животот и мирот на граѓаните каде и да живеат“, стои меѓу другото, во одделните телеграми од претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница