Заев со порака за Светскиот ден на дијабетесот: Направивме пресвртница и наместо несигурни сега обезбедуваме лекови со највисоки светски стандарди

Од:

Премиерот Зоран Заев, по повод Светскиот ден на дијабетесот – 14 ноември, денеска преку видео порака им се обрати на 130 илјади граѓани во земјава со дијабетес, од кои 500 се деца до 18 годишна возраст, на нивните семејства и најблиски, како и на лекарите и особено на медицинските – дијабетолошки сестри.

Заев во обраќањето нагласува дека здравјето на граѓаните е врвен приоритет и поосчува дека Владата и Министерството за здравство направија значајна пресвртница во пристапот кон лицата со дијабетес со тоа што ставија крај на ерата на набавка на несигурни средства за инсулинската терапија.

– Денеска е 14 ноември, Светскиот ден на дијабетесот, и ова мое видео обраќање им го посветувам на 130 илјади наши сограѓани со дијабетес, од кои 500 од нив се деца до 18 годишна возраст, на нивните семејства и најблиски, како и на лекарите и особено на медицинските – дијабетолошки -сестри.

И не само денеска, туку целата оваа година, членовите на Сојузот на здруженијата на дијабетичарите на Северна Македонија, сите свои активности и настани ги посветија на подобрување на квалитетот на животот на лицата со дијабетес преку залагање за поквалитетен здравствен сервис нив, со едукација на нивните семејства и со подигање на свеста кај граѓаните за дијабетесот.

Содржините на овие активности имаат исклучително значење за подигнуваме свеста на граѓаните за превенција од дијабетес и свесноста за потреба од редовен квалитетен менаџмент на дијабетесот кој постојано ќе се надоградува, особено заради светската пандемија со КОВИД-19, која ги прави лицата со дијабетес особено ранлива група.

Од овој аспект се особено значајни навремените реакции за превентива и едукација на Националната комисија за дијабетес и на Клиниката за ендокринологија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“.

Имајќи го здравјето на граѓаните како врвен приоритет од 2017 година наваму Владата на Северна Македонија и Министерството за здравство направија значајна пресвртница во пристапот кон лицата со дијабетес и ставија крај на ерата на набавка на несигурни средства за инсулинската терапија.

Од тогаш наваму за прв пат беше извршена и континуирано се спроведува набавка на инсулини и глукометри со највисоки свестки стандарди со иновативна технологија за највисоки ефекти за сигурно здравје кај пациентите со дијабетес.

Одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот нè потсетува дека од витално значење е да обезбедиме овие посветени политики и развојната работа на методи и терапии за добра контрола на состојба на лицата со дијабетес да продолжат и да се унапредуваат. Тоа е обврска на општеството и затоа вложувањето во јавното здравство и во здравјето на сите граѓани е водечки приоритет во нашата земја, наведува премиерот Зоран Заев во видео обраќањето по повод Светскиот ден на дијабетесот – 14 ноември.

Би можело да ве интересира

Оваа година е најтешка за нас велат дијабетичарите

Протест на здруженијата на дијабетичари: Да се смени моделот на набавки за да нема доцнења

Новиот лек за дијабетес од типот 2 успешен и во лекувањето прекумерна дебелина

А1он

Лани во земјава 7432 новозаболени од дијабетес

А1он

Лицата со дијабетес сè уште чекаат на сензорите за безболно мерење гликемија

Катерина Ѓуровски

Здруженијата на дијабетичари бараат итно решавање на проблемот со недостиг на инсулин

Ана Ололовска