Заев со апел до демонстрантите

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вечерва повика на смиреност и да не се дозволи незадоволството да излезе од контрола.

Почитувани граѓани
Како човек и политичар, ве повикувам и апелирам до сите Вас кои протестирате пред Владата на Република Македонија искажувајќи го Вашиот гнев и незадоволство, тоа да го правите на мирен и достоинствен начин. Не дозволувајте Вашето незадоволство да излезе од контрола бидејќи мирот, стабилноста и материјалните добра мора да бидат сочувани. Имајте на ум дека 17. мај е денот на закажаниот сенароден протест, кога мирно и достоинствено, сите заедно ќе покажеме дека сме на страната на слободата, вистината, демократијата и правдата, дека сме на страната на Република Македонија. Не дозволувајте да бидете вовлечени во нешто што никој не го посакува. Истовремено апелирам до безбедносните структури на државата да бидат внимателни во извршувањето на своите задачи и да ја зачуваат безбедноста на сите оние кои во моментов протестираат, напиша Заев на својот профил на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Загреб: Отпадот во Госпиќ не е изолиран случај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Започна „Маршот за Лика“ – „Предавството нема да го простиме“

Горан Наумовски