Заев: Скопје стана град на солидарноста, место на кое се обединија пораките и молитвите за поддршка и за споделување на болката

Од:

Денеска се сеќаваме на 26 јули 1963 година, кога во 5 часот и 17 минути беа урнати 15.800 станови, оштетени 28.000, а над 200.000 луѓе остана без покрив над глава. Катастрофалниот земјотрес пред 58 години за само 20 секунди го запре животот на Скопје, и им го одзеде животот на над илјада скопјани.

Ова го напиша на својот официјален ФБ профил премиерот Зоран Заев.

– Денот на сеќавањето на скопскиот земјотрес е и ден кога им изразуваме благодарност на сите кои со љубов и солидарност учествуваа во споделувањето на болката со преживеаните и што учествуваа во обновата на градот. Скопје стана град на солидарноста, место на кое се обединија пораките и молитвите за поддршка и за споделување на болката, за загубата, објави Заев.

Скопје во својата долга историја, напиша на фејсбук Заев, никогаш не ги заборавал жртвите и своите граѓани и затоа и денеска, 58 години потоа, се сеќаваме на починатите во земјотресот и им оддаваме достојна почит.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Најголемата почит кон жртвите од земјотресот во 1963 е да создадеме град достоен за нивниот спомен

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Македонската опсерваторија измери земјотрес од 4.6 степени по Рихтер

А1он

Земјотрес во Скопје, 4.8 степени по Рихтер

А1он

62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Горан Наумовски

Земјотрес во Скопје