• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Заев: Сите успеси по Договорот од Преспа покажуваат дека вредело потпишувањето

by А1он17/06/2019 - 13:38289
Share0

Вредело, имајќи ги предвид придобивките, изјави премиерот Зоран Заев по повод една година од Преспанскиот договор, одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Криволак каде се одржува Ден на високи гости во рамки на вежбата „Одлучен удар“.

Добивај вести на вибер

-Денеска, 17 јуни, една година од Преспа, прво добивме нов пријател. Не дека со Грција имавме некои сериозни непријателства, но навистина беше чувството лошо, горко, кога бевме застанати во нашите интегративни процеси. Еве после една година првите придобивки ги гледаме како импликации на оваа вежба, во нашата подготовка, заради после неколкумесечното целосно членство во НАТО. Тоа е голема стратешка цел на нашата земја, на целиот овој регион, на Република Северна Македонија која што не пред векови, туку пред 17-18 години имаше конфликти. Тоа значи траен мир, стабилност, безбедност и сигурност, рече Заев.

Тој додде дека паралелно со тоа се водат сите процеси во Европската унија и дека сме пред добивање датумот после 15 години за почеток на преговори со Европската унија.

-Сето тоа носи економија, носи повисок стандард, бројките се веќе импресивни, тие растат и ќе продолжат да растат. На крајот доказ е сето тоа како еден сублимат. Договорите дефинитивно куќа градат. Ние преку тоа ја градиме нашата заедничка куќа Република Северна Македонија Во која сите ќе останат овде. Кадешто ќе живеат заедно организирајќи го својот живот со своите деца. Животот едноставен и еден мора да го направиме да биде подобар, попримамлив и посреќен за сите, потенцира премиерот.

Оцени дека една година со сите успеси што се постигнати, на економски план, на планот на НАТО, на планот на Европската унија, на планот на реформите дома, навистина, како што рече, покажуваат дека вредело. Вредело заради тоа што сите сме фокусирани кон подобра иднина на нашите граѓани.

prespanski dogovor

Би можело да ве интересира

ДУИ: Преспанскиот договор ја закотви Македонија на вистинската страна на историјата

Горан Наумовски17/06/2025 - 09:43

Поткопувачите на Охридскиот и на Преспанскиот договор може да се најдат на црната листа на САД

Катерина Ѓуровски09/01/2025 - 09:20

Герапетритис: Сакаме добрососедски односи со Северна Македонија, но не толерираме селективно усогласување со меѓународното право

Катерина Ѓуровски30/08/2024 - 13:08

Герапетритис: Доколку Северна Македонија продолжи со оваа политика, имаме средства за дополнителен притисок

Катерина Ѓуровски22/07/2024 - 10:04

Државниот врв во Северна Македонија систематски го крши Преспанскиот договор, Грција ги повторува обвинувањата

Катерина Ѓуровски14/07/2024 - 15:0114/07/2024 - 16:28

САД: Ќе работиме со Северна Македонија и Грција да го одржaт Договорот од Преспа

Катерина Ѓуровски12/07/2024 - 13:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен