Заев: Северна Македонија е првата земја во регионот што ја разви „Гаранцијата за млади“

Од:

Земјоделството и производството на храна се шанса за успех, а пандемијата со КОВИД-19 уште повеќе ја нагласи потребата населението да биде обезбедено со здрава, безбедна, квалитетна и разновидна храна. За таа цел, оваа Влада ја донесе мерката за поддршка до 20.000 евра неповратни средства за поттикнување на земјоделското производство на млади земјоделци. Отворена е можноста, што повеќе млади да се вклучат во целокупниот процес на земјоделство, да обезбедат добри услови за својата иднина и да останат, да ја градат тука, дома, напиша премиерот Зоран Заев на својот официјален фејсбук профил по повод Меѓународниот ден на младите кој се одбележува под мотото „Трансформирање на системите за храна: Младинска иновација за човечко и планетарно здравје“.

Според Заев, исклучително е важно да се адресираат и други клучни предизвици кои се дел од #Агенда2030 на Обединетите Нации, како: намалувањето на младинската невработеност, социјалната вклученост, здравствената грижа, зачувувањето на биолошката разновидност и ублажување на климатските промени.

Во постот, Заев не заборави да ги спомне и младите доктори на кои во оваа прилика им оддава јавно признание и благодарност.

-Северна Македонија е првата земја во регионот што ја разви „Гаранцијата за млади“, што даде значителен успех во однос активноста на младите на пазарот на труд во нашата држава. Заедно со другите сеопфатни и координирани младински политики, како што е Оперативниот план за вработување, стапката на младинска невработеност од 41,9 отсто во 2016, се намали на 29,6 проценти во 2020. Ја увидовме потреба од инклузија на младите во важните општествени процеси и затоа, денес преку Законот за младинско учество и младински политики во сите органи на државната управа и во единиците на локалната самоуправа има назначено службеник за млади, кој ќе им помага на младите за прашањата што ги интересираат од доменот на конкретната институција (https://vlada.mk/sluzbenik-za-mladi), наведува Заев.

Тој истакнува и дека младите преку личен ангажман беа и сѐ уште се активни во справувањето со последиците од КОВИД-19.

-Сакам да оддадам признание и благодарност до младите доктори, кои се директно или индиректно вклучени во здравствениот систем и кои неуморно се борат за животите на нашите граѓани и до сите млади волонтери, кои преку индивидуален, но и колективен ангажман, придонесуваат за справување со пандемијата, напоменува премиерот.

Потсетува и дека #InternationalYouthDay се одржува секоја година на 12 август, како и дека е иницијатива која ги слави квалитетите на младите и ги препознава предизвиците со кои може да се соочи денешната младина.

-Денешниот #МеѓународенДенНаМлади го одбележуваме, препознавајќи ја препознаваме важната улога на младите во креирањето на демократско општество и преку институциите заедно креираме политики за подобар живот за сите граѓани, додава Заев.

Би можело да ве интересира

Ковачевски за средбата со Заев и Ахмети: Зборувавме за настапот на партиите на изборите и за членството во ЕУ

Александар Тодески

Ковачевски за писмото на Заев: Во демократија секој има право на став

Блиски луѓе на Заев ќе работат за фирма на белоруски конзул во Македонија: Кој ќе копа јаловина во РЕК Битола за 25 милиони евра

Орце Костов

Ципрас во Струмица на гости кај Заев

Заев: Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Преспанскиот договор кој се однесува на патоказите

Груби: Ќе има Албанец премиер, договорија Ахмети и Заев, потврди и Ковачевски

Катерина Ѓуровски