Заев: Секој функционер на Владата покрај политичката, има и морална и етичка одговорност

Од:

Како премиер ја почитувам политичката волја на партиите, на коалициските партнери коишто се во Владата и нивната определба и решенијата со коишто тие ќе излезат како понуда пред граѓаните. Ова го истакна денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашање за кандидатурата на министерот за здравство Арбен Таравари за градоначалник на Гостивар.

– Во исто време го споделувам и ставот дека секој избран и именуван функционер на Владата на РМ покрај политичката, има и морална и етичка одговорност за својата работа и се разбира пред граѓаните на оваа наша земја, рече Заев.

Според него може да се случи и некои други министри, заменици министри да бидат кандидирани. Нагласи дека Владата на РМ им гарантира на сите граѓани дека сите министерства и сите останати владини институции ќе работат со целосен капацитет пред, за време и после локалните избори. Тој рече дека е задоволен од досегашната работа на министерот.

На прашањето во кое својство Зоран Верушевски бил присутен со него при посетата на Израел, премиерот Заев рече дека професорот Верушевски бил со него како советник за национална безбедност на премиерот на РМ.

– Ангажиран е и токму во таа функција, беше присутен заедно со нас каде што одржавме доста квалитетни состаноци со високи претставници на Израел. Ние бевме таму да зборуваме за перспективите. Како што знаете, а верувам дека и поголем дел од граѓаните знаат дека Израел е значајна на регулација на бранот на бегалците којшто доаѓа токму од тој дел на светот, вклучувајќи ги Сирија, Иран, Ирак, но и африканските земји, рече Заев и посочи дека во тој дел нашите разузнавачки служби треба да разменуваат информации за поуспешно вградување во колективниот систем за безбедноста.

Премиерот Зоран Заев исто така изјави дека заврши времето кое беше типично за притисоци и закани врз правосудството од страна на извршната власт и оти сега судиите и обвинителите можат да носат одлуки согласно Уставот, законите и сопственото убедување.

– Верувам дека веќе стегите и прангите коишто беа врз правосудството пополека паѓаат. Пред се, заради тоа што заврши едно време кое што беше типично за притисоци и закани врз правосудството од страна на извршната власт, а буквално и недвосмислено е ново време стапено на сила коешто нема никакви допирни точки со работењето на Јавното обвинителство и судството во РМ, односно судиите и обвинителите можат да носат одлуки согласно Уставот, законите и сопствено убедување. Во тој дух очекувам секој да си ја врши работата во Македонија. Ние како извршна власт-својата, а правосудството како независна власт-својата, истакна Заев одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција по повод поминатите сто дена од формирањето на Владата.

Според него, таму каде што има докази треба да се процесуираат предметите, а таму каде што нема докази да се оди со истраги. Додаде дека очекува тоа да почне веднаш, иако се во најава реформи во правосудниот систем.

– Истовремено негувам надеж дека ослободено Јавно обвинителство од Марко Зврлевски и тоа како е подготвено без било какви стравови и без било какви предрасуди и без било какви резерви веднаш да постапува по можни недозволени активности пред изборието за кампањата и за време на изборниот ден. Апсолутно на Македонија не и треба ништо помалку освен регуларни, кредибилни, фер и демократски избори. Значаен чинител е овде Јавното обвинителство. Законите добро ги пропишуваат казните и мерките. Тоа мора да важи за сите во РМ без разлика дали се тоа активисти, политичари од партиите на власта и од партиите од опозицијата, односно мора да важи еднакво за сите граѓани на РМ, истакна премиерот.

Реформските процеси, како што посочи, почнуваат преку стручни тела и преку совети.

– Јас ги очекувам на дебата стратегиите коишто тие ќе ги носат, сите планови коишто ќе се случуваат во период којшто престои како демократски човек. Очекувам дека навистина нашата стручна јавност од областа на правосудството ќе даде добри механизми коишто реално и меѓународната заедница ќе ги препознае како модерни тенденции на правосудството во сите земји во ЕУ, а реално имплементирачки овде во РМ, рече премиетот Заев.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Ќе се залагам за градење и одржување силни и цврсти односи со сите значајни меѓународни партнери

A1on

Љутков: Очекувам гласање за новата влада во Собранието околу 20 или 22 јуни

A1on

Во вторник во Собрание ќе биде доставен составот на новата влада

Течат роковите за формирање на новата влада која ќе има 20 министерства

Мицкоски мандатар за состав на влада

Мицкоски го добива мандатот, ќе формира влада во нов формат