(ВИДЕО) Заев: Секогаш кога СЈО ќе отвори случај јас сум таргет на Основното јавно обвинителство

Од:

Се појавивме во Основното јавно обвинителство за да ја докажеме нашата невиност. Финансиите за изборите се јавно објавени и доставени до Државниот завод за ревизија и можеме да служиме за пример како една политичка партија треба да раководи со финансиите и почитување на законот, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев по распитот во обвинителството на Марко Зврлевски.

Во обвинителството им биле презентирани индиции за злоупотреба на кампањата во 2016 година, а во среда ќе направат увид во доказите.

– Во случајот се сомничиме како организатори на изборната кампања јас, едно лица вработено во администрацијата на СДСМ и правното лице СДСМ, рече Заев.

Лидерот на СДСМ кажа дека секогаш кога СЈО ќе отвори некаков влучај против функционери од актуелната власт, тој е таргет на ОЈО. Не сакаше да даде конкретни информации за што се разговарало бидејќи како што рече се работи за предистражна постапка.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

ОЈО: Истрага за царинските измами со цигари – штетата на Буџетот е над 4 милиони евра

А1он

Кратовец со нож прободе полицаец, ќе оди во притвор

А1он

ОЈО води истрага за проневера и перење на над 2,2 милиони евра – првоосомничен е сопственик на фирма од Кучевиште

А1он

Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија

А1он

Резултатите за квалитетот на гостиварската вода ќе бидат готови утре