Заев се сретна со турската амбасадорка Кара: Македонија и Турција го продлабочуваат пријателството

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорката на Република Турција во Македонија, Еркал Кара.

Амбасадорката Кара изрази благодарност за можноста за оваа средба и му честиташе на премиерот Заев за успешно спроведените избори и за победата на владината коалиција која ја оцени како израз на поддршката на актуелните политики на Владата на Република Македонија.

Премиерот Заев и амбасадорката Еркал Кара разговараа на повеќе теми од интерес на двете земји. Посебно внимание посветија на соработката на планот на безбедносните политики, како и на поддршката за претстојните активности на Република Македонија во однос на евро-атлантските аспирации.

На средбата заеднички е поздравено длабокото пријателството меѓу Македонија и Турција и е изразена определеност за унапредување на соработката на економски план, како и во сите други области од интерес на граѓаните на двете држави.

Претседателот на Владата на Република Македонија и амбасадорката на Турција во нашата земја разговараа и за интензивирање на постапката за организирање на официјална посета на делегација на Владата на РМ на Турција, како и за посета на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на нашата земја.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Турски воен авион се урна на автопатот Измир-Истанбул

Катерина Ѓуровски

Турски инфлуенсер e ставен на црна листа на авиокомпанија откако запали цигара во авион

А1он

Чистка во Анкара: Ердоган ги смени клучните министри

Турција разби шпионска мрежа, уапсени шест лица

Фидан: Турција се противи на насилство врз Иран, дијалогот е единствениот пат

Светот e загрижен поради создавањето на нов воен пакт