Заев се сретна со претставници на словенското МВР кои помогнаа во обезбедување на јужната граница за време на мигрантската криза

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во рамките на официјалната посета на Република Словенија, денеска се сретна со претставниците на полициските структури на Министерството за внатрешни работи на Словенија кои учествуваа во мисијата за поддршка на Република Македонија во обезбедување на јужната граница за време на мигрантска криза.

Во присуство на премиерот на Република Словенија Миро Церар, во топла и пријателска средба, на која присуствуваа заменикот претседател на владата и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, министерот без ресор задолжен за дијаспората Едмонд Адеми, и државниот секретар во Министерството за надворешни работи Виктор Димовски, премиерот Заев истакна дека му е особена чест што има можност непосредно да им се заблагодари за несебичниот и одважен придонес на припадниците на МВР на Република Словенија, да учествуваат во обезбедувањето на границата на Република Македонија, во период кога нашата земја и Европа се соочуваа и ја решаваа мигрантската криза.

– Вашето учество во тие активности, поттикнато од изразената политичка волја на институциите на Република Словенија, е израз на одговорноста на вашата земја да го даде придонесот кон безбедноста на Европа, како и израз на подготвеноста да подаде пријателската рака– истакна премиерот Заев.

Премиерот Заев во своето обраќање нагласи дека двете земји делат заеднички вредности кога е во прашање безбедноста и сигурноста граѓаните и на нашите општества.

– Задачата не беше лесна. Полициската постапка и процедура, како и безбедноста на нашата земја и на Европската Унија, на нашата граница се судри со мигрантската криза, а таа криза има човечко лице, човечки судбини. Задачата на полицајците беше деликатна: да се испочитува достоинството и човечката трагедија, и, во исто време, сето тоа да биде ставено во правната процедура и во безбедносниот систем. На тој начин дојде до израз хуманото лице на полициските структури – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев.

Премиерот на Република Словенија Миро Церар истакна дека Словенија и Република Македонија низ оваа соработка на двете земји на границата на Европската Унија ги потврдиле исклучително добрите и пријателски односи меѓу двете земји. Соработката меѓу двете министерства за внатрешни работи на дело ја покажа потребата од заеднички акции за некои од глобалните предизвици за мирот и стабилноста во светот.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, врачувајки го признанието- Благодарница за учеството на словенечката полиција во мисијата за поддршка на Република Македонија во обезбедување на јужната граница за време на мигрантска криза и истакна дека оваа соработка ќе продолжи и понатаму.

Во име на припадниците на МВР на Република Словенија, учесници во мисијата за поддршка на Република Македонија во обезбедување на јужната граница за време на мигрантска криза, за доделеното признание се заблагодари заменик командантот на полициската станица Жалец, чии полициски служебници беа дел од контингентите на јужната граница во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Словенија ја засилува безбедноста на улиците, ја распоредува војската да и помогне на полицијата

Горан Наумовски

Тага и гнев во Словенија по бруталното убиство, двајца министри поднесоа оставки

Предраг Петровиќ

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски