Заев се сретна со американскиот конгресмен Елиот Енџел

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, придружуван од генералниот секретар Оливер Спасовски и членот на ИО и претседател на Комисијата за економија Драган Тевдовски попладнево се сретна со делегација предводена од американскиот конгресмен Елиот Енџел.

На средбата присуствуваше и амбасадорот на САД Џејмс Бејли.

Како што соопшти СДСМ, актуелната политичка криза во Македонија, мегуетничките односи и евро-атлантските перспективи беа главните теми на разговор.

Откако го соопшти своето видовување за состојбите, Заев изрази очекување дека многу скоро ќе се одржи лидерската средба, нагласувајќи дека е потребна сериозност и одговорност од сите страни кон интересите на граѓаните, а не кон лични и партиски цели.

Американскиот конгресмен Енџел и членовите на делегацијата се интересираа посебно за меѓуетничките односи во Македонија. Претседателот на СДСМ Заев го соопшти позитивниот пример со коалицијата Граѓаните за Македонија, што покажа, како што рече, дека граѓаните, независно од различностите по која било основа, можат да функционираат заедно, кога за тоа постои искрена волја.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски