Заев се сретна со амбасадорот на Грција во Македонија, разговарано за НАТО, коронавирусот, мигрантите

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Р.Грција во нашата држава, Димитрис Јанакакис.

„На средбата беа отворени повеќе актуелни теми, како ситуацијата со вирусот Ковид 19 и справувањето со истиот, ситуацијата со мигрантите, имлементацијата на Договорот од Преспа, членството на земјава во НАТО, очекуваниот датум за преговори со ЕУ и престојните парламентарни избори во земјава.

Претседателот Заев во однос на состојбата и справувањето со Коронавирусот во нашата земја истакна дека земјава има мошне сериозен пристап и ги превзема сите превентивни мерки со цел спречување на ширење на истиот, но и постојано следење на состојбата и воведување на нови мерки, бидејќи здравјето на граѓаните е од примарно значење.

Во однос на состојбата и движењето на мигрантите кон соседните земји и кон нашата воедно претседателот Заев истакна дека со будност се следи и оваа состојба со цел поголема подготвеност и справување со истата.

На средбата се разговараше и за имплементацијата на Договорот од Преспа, на што претседателот Заев истакна дека државата го спроведува и не отстапува од договореното како и со Договорот од Преспа така и со Договорот за добрососедство со Бугарија, со оглед на тоа дека склучувањето на овие два договори ја придвижија нашата земја напред, потврда за тоа е членството во НАТО и секако очекуваниот датум за преговори со ЕУ.

Токму овие два договори директно влијаат на стабилноста во регионот и со себе носат бројни бенефити за сите држави во соседството, а потврда за тоа е посочувањето на земјава како светол пример во регионот и нејзиниот голем напредок .- посочи претседателот Заев.

Во однос на престојните парламентарни избори и кампањата на политичките партии, претседателот Заев го информираше амбасадорот на Грција Јанакакис дека со оглед на ситуацијата со Коронавирусот, овојпат сите политички партии ќе водат сосема поинаква кампања односно ќе биде сведена на мас – медиуми, без јавни собири и митинзи.

Двете страни се согласија дека по решавањето на клучното прашање со името на државава, двете земји уште повеќе ќе ја продлабочат меѓусебната соработка на сите полиња од кои придобивки имаат и државите и граѓаните“, пишува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски