Заев се сретна со претставници на дијаспората

Од:

Премиерот Зоран Заев се сретна со претставници на дијаспората од Македонија во Италија, Швајцарија, Луксембург, Германија, Словенија, Хрватска, САД.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата е изразена поддршка на владините политики за членство на Македонија во НАТО и во Европската унија.

На состанокот се разговарало за повеќе актуелни прашања, меѓу кои и за важноста на престојниот референдум и за потребата од проактивна улога на сите граѓани, вклучително и на дијаспората со цел успешен референдум, што ги отвора перспективите на Македонија и можностите за квалитетен живот на сите граѓани.

Заев на средбата рекол дека НАТО и ЕУ за Република Македонија значат економија, стабилност и безбедност и изрази очекување за успешен референдум.

– Мнозинството граѓани на Македонија веќе се изјаснија за промени, за перспективи наместо изолација, за благосостојба наместо сиромаштија, за реформи и демократија што водат кон квалитетен живот и безбедна иднина на државата и на сегашните и идните генерации. И убеден сум дека на референдумот ќе биде потврдена одлуката за евро-атлантска иднина на Македонија, што ќе донесе и европски живот во Македонија и стабилност и безбедност, рече премиерот Заев.

Ги повика, како што се наведува, како што си ја сакаат државата, да излезат на престојниот референдум и со тоа како дијаспора, да дадат значаен придонес во овој историски момент за напредок на Македонија.

Претседателот на Владата Заев и претставниците на дијаспората зборуваа за придобивките од реформските процеси во државата, од воспоставувањето добри односи со соседите и од евро-атлантските интеграции.

– Вистински патриот е оној кој ќе ја обезбеди иднината на државата. Тоа е придобивка за нашите деца, за сегашните генерации и остварување на вековниот стремеж на нашите претци за потврда на идентитетот на граѓаните Македонци, на македонскиот јазик и поставување на Македонија како држава, еднаш засекогаш, во светското семејство на држави, рече премерот Заев.

Заев, им се заблагодари на претставниците на дијаспората за желбата да го помогнат остварувањето на стратешките цели на државава, членство во НАТО и ЕУ, а со тоа и за економски просперитет на Македонија.

На средбата, како што се наведува во соопштението, се поздравени искрените политики на Владата кон дијаспората, што овозможуваат услови за инвестирање во родната земја.

– Претставниците од дијаспората се интересираа за можностите за инвестирање и за областите во кои се потребни инвестиции, соопшти владината прес-служба посочувајќи дека средбата поминала во пријателска атмосфера и со договор за поинтензивни контакти помеѓу Владата, општеството и дијаспората.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Под контрола се пожарите во Дојран, Николиќ, Крива Паланка, Орман, Волково и во Самоков

Горан Наумовски

Мицевски: Владата има луѓе, има механизација сега и се справува со сите можни и неможни позиции коишто ги има

Во Владата вечерва ќе заседава кризниот штаб поради состојбата со пожарите во земјава

Поради пожарите: Владата прогласи кризна состојба од 30 дена

ВЛЕН: ДУИ продолжува да молчи, со каков договор наредија бришење на дијаспората од пописот?

Горан Наумовски

Мицкоски: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Горан Наумовски