Заев се сретна со министерката за одбрана на Словенија

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со министерката за одбрана на Република Словенија Андреја Катич, која престојува во официјална посета во земјава. На средбата, како што соопштува владината прес-служба, е добиено охрабрување од Словенија за Македонија да продолжи напред во клучниот момент за евроатланските интеграции.

– Членството во НАТО и во ЕУ се значајни за стабилноста и иднината на Република Македонија, како и на целиот регион, поради што Република Словенија ја охрабрува нашата држава да продолжи напред, во важниот момент за евро-атлантските интеграции на Македонија, соопшти словенечката министерка за одбрана Катич.

На средбата, соопшти владината прес-служба, е разговарано дека нашата земја има направено значителни чекори на евро-атлантскиот пат и дека сега треба да се искористи позитивната клима и поддршката што ја има Македонија од земјите членки на ЕУ и на НАТО.

Премиерот Заев оцени дека граѓаните на Република Македонија знаат што значат мудри одлуки, што ја обезбедуваат нивната иднина и иднината на нивните деца, во родната држава.

– Верувам дека референдумот ќе биде успешен. Мнозинството граѓани и политички субјекти веќе се профилираа во една коалиција за европска Македонија, а тоа ќе донесе стабилност и напредок и во нашата држава и во целиот регион, рече премиерот Заев.

Премиерот Заев додаде дека по успехот на референдумот, Македонија ќе биде нормална држава, признаена од светот, со потврден македонски идентитет.

– Немаме веќе отворени прашања со ниту еден од соседите, се развиваме како едно општество за сите, каде што сите граѓани, независно од етничката припадност се со еднакви права и обврски пред законот. Работиме посветено на реформите во правосудството, во безбедносните институции, новите закони за медиумите се во Собранието. Граѓаните на Македонија ќе живеат европски и демократски како развиениот свет, рече премиерот Заев.

На средбата е разговарано и за актуелните политички прашања во Словенија, а заеднички е констатирано дека Македонија и Словенија се блиски пријателски земји и дека во тој дух продолжува развојот на билатералните односи и меѓусебната соработка.

Би можело да ве интересира

На 50 годишна возраст почина првата мис Словенија

А1он

Словенија ја засилува безбедноста на улиците, ја распоредува војската да и помогне на полицијата

Горан Наумовски

Тага и гнев во Словенија по бруталното убиство, двајца министри поднесоа оставки

Предраг Петровиќ

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев