Заев: СДСМ во Арачиново ќе настапи со жена Албанка

Од:

На претстојните локални избори, на 15 октомври, СДСМ во Арачиново ќе настапи со жена Мелекие Халими, граѓанин од албанската етничка заедница и член на СДСМ.

Ова го најави премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев пред централната џамија во селото, при денешната посета по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам.

– Убавината, радоста и авангардноста на самиот концепт е тоа што ќе имаме дама. Верувам дека како оштественик, како личност која што е вградена во многу важни сегменти во секојдневниот живот на граѓаните и со човек кој потекнува од овде, ќе бидеме доволно прифатливи да ја добиеме поддршката од мнозинството граѓани во Арачиново, изјави Заев.

Нашата намера, продолжи тој, е да работиме конкретни инфраструктурни проекти во Арачиново.

– Работиме на каналите и фекалната канализација. Намерата е да стартува со проектот за средното училиште, да направиме болница и амбуланта. Водоснабдителниот систем е овде катастрофа, тоа мора да го направиме. Ова е мал град буквално, и тоа мора да го реализираме, изјави Заев.

Посочи дека убавината е во перспективата на концептот на едно општество за сите, а кое, како што рече, треба да го негуваме и надградуваме сите, затоа што оваа земја е наша заедничка земја.

На новинарско прашање дали веќе имаат кандидати за локалните избори, Заев рече дека локалните самоуправи се важни за секојдневниот живот на граѓаните и дека е убеден дека ќе изнајдат заеднички решенија и веројатно ќе има меѓусебна поддршка и со албанските политички партии.

– Разговараме и се надевам дека ќе успееме. Истовремено, знаете дека како мултиетничка партија ќе номинираме кандидати од сите етнички заедници, додаде тој.

Посочи дека се на крај во преговорите со коалициските партнери со коишто се стандардно во коалиција, а преговараат и со партнери кои биле надвор од нивната коалиција.

– Се надевам дека коалицискиот фронт ќе расте и убеден сум дека ќе успееме во тоа, во зависност од преговорите на концептот, програмата и на иднината на државата. Верувам дека во сите во закон пропишани рокови ќе ги утврдиме сите кандидати. СДСМ ќе настапи со свои кандидати со повеќе од 65 општини и тенденцијата е да одиме до максимум, ако може и повеќе од 70. Се во зависнсот од тоа како ќе се договориме со коалициските партнери и самите кандидати, изјави Заев.

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи