(ВИДЕО) Заев: Сакаа да ме наместат како Брат Љубе но им пропадна планот

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев вечерва од бината во Универзална сала кажа дека Груевски и Мијалков цела година го следела и сакале да го наместат со поткуп на пари.

Се сеќавате кога го повикав Груевски јавно да каже дали има посебни истражни мерки против лидерот на опозицијата за време на избори? Се сеќавате сите. Вчера тоа наврши една година почитувани мои пријатели. Поминале во напредна фаза и последната година jас сум под посебни истражни мерки.

До ден денеска Груевски не даде одговор. Намерата беше да го прават тоа истото што со брат Љубе го направија. Да местат бизнисмен како дава пари за кампања. Една година мака мачат луѓето. Како да ги наместат парите, една година цела. Вчера се наврши една година. Уште минатата седмица, на крајот на инсистирање на Груевски и Мијалков лично беше замолен тој бизнисмен да ги интензивира работите, оти само тоа е спасот. Парите некако да ги даде.

Tribina, 10.03.2015

Вчера со секретарот на општина Струмица, со шефот на кабинет на градоначалникот на општина Струмица, го направивме Записникот го пријавивме и архивиравме предметот. Денеска му се јавив сабајле околу 9 ипол часот на бизнисменот и му реков: како не ти е срам, дедо си, внуче имаш! Една година се местиш, цело време се обидуваш како нешто да наместиш, срам да ти е! Е овој не е заштитен сведок за да не го објавам, што ќе оди во судска постапка, како кај Љубе Бошкоски. Овој човек се вика Иво Саџевалиев од Струмица од фирмата Иво.

А луѓето кои покажаа дека продолжува да се рони системот на дрско и безобразно владеење на Никола Груевски, кои на крајот на минатата недела ја дадоа информацијата, се викаат македонски патриоти. Ве молам да ги поздравиме и да ги охрабриме! Да продолжат и понатаму да си ја сакаат татковината! На крајот на денот една е Македонија. Таа боли најсилно таа гори плени внатре.

Tribina, video bim

Испраќам уште еднаш порака до секој кој си ја сака државата, а досега бил под притисок и уцени, да се одважи, затоа што со документите и доказите кои овие луѓе ги сочуваа и ги спасија од уништување и денеска се во наши раце, пропадна Пучот на Груевски како што денеска и вчера пропадна последната местенка којашто сакаа да ја направат, само да ја спасат својата глава.

Zaev, 10.03.2015

Голема амбиција имале овие двајца братучеди. Мислеле подло ќе владеат, вечно, со сегашноста, со минатото и со иднината. А каков парадокс, на “големите“ Македонци Груевски и Мијалков – кои “не биле македончиња“, за тоа им требале “човечиња“ во 100 чекори, за да се одржат на своите лажни стиропорни, гипсани, испрскани со златен спреј, тронови. Оттаму си играле “Големиот брат“.

Zaev, tribina

Но, речено е: Што сте рекле на уво во скривница, ќе биде разгласено од покривите. Никој не избегал од Страшниот суд и тој ден ќе дојде. Прво ќе суди народот. Ќе суди затоа што му е украден гласот, даден од Бога, и украдена му е иднината, на којашто има право од моментот кога се родил. Потоа од првиот, до последниот доказ и аргумент ќе бидат предадени на новиот јавен обвинител, македонскиот Алберто Нисман и на новите судии, македонските Фалконе и Борселино, знаете, оние кои расчистија со криминалите во Италија. Бидејки овие документи и докази што ги презентираме на јавноста, се сопственост на Република Македонија и на нејзините граѓани. Е тогаш, Бујрум – институциите на системот нека одговорат на прашањата за правната разрешница на целиот овој случај и процес.

Z.Zaev, tribina

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски