А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев: Различните изјави на Мицкоски дома и во странство се несериозни и и нанесуваат штета на државата

by А1он25/11/2019 - 15:3325/11/2019 - 19:16329
Share0

Премиерот Зоран Заев смета дека е нечесно и несериозно од лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за Договорот за добрососедство со Бугарија да дава едни изјави кога е во државата, а други кога е во странство, бидејќи смета дека тоа ѝ нанесува штета на државата.

Следете a1on на Instagram Instagram

-Ние го видовме јавно сите. Тоа беше објавено јавно дека тој поддржува се што е добро во овој договор. Не знам зошто после се враќа дома и пак различни изјави. Тоа не е воопшто сериозно. Значи не е сериозно прво за дома, за граѓаните, потоа не е сериозно за соседите. Бугарија е наш пријател, потпишавме Договор за пријателство. Тој многу често договорот го класифицираше како капитулантски, како лош за државата, после отиде на средбата, тоа го потврди дури и пред камери, а и порано го има тоа потврдувано на вакви билатерални средби на ЕПП, за на крајот на денот повторно да го смени мислењето и да каже дека е против, рече Заев на новинарско прашање коментирајќи го бугарскиот европратеник Ковачев дека не добиле јасен одговор од Мицкоски дали партијата ќе го почитува Договорот за доброседство со Бугарија, наспроти претходните изјави дека дал поддршка на документот.

Тоа, додаде Заев, е многу несериозно, бидејќи вели, вака не се бара поддршка од пријатели за ЕУ, за НАТО, за да споделат искуство со ИПА фондови, да споделат искуство со други капацитети коишто ги има за да помогнат на државата.

-Нечесно е барем не пред своите граѓани да се прави тоа. За мене би било добро да каже слушајте тоа Заев го потпиша, тоа е така, готово е веќе, да одиме напред. Одговорните политичари тоа го прават. Ние имаме други политичари во регионот кои тоа го направиле, но вака неодговорно однесување носи штета врз државата, рече Заев додавајќи дека Мицкоски треба самиот да појасни.

Следете a1on на Youtube YouTube

Според него, самата снимка е доволен доказ дека Бугарија треба да не поддржува, да ни помага, како една од двете соседни земји членки на ЕУ и оти премиерот Борисов на нивната средба во Солун не случајно изразил загриженост дали сите се про НАТО и ЕУ.

-И оттука побара дали тие договори кои се постигнати ги почитуваат сите и ги поддржуваат сите. И тоа е многу логично некој да го побара. Не е логично тоа што ни се случува еднаш поддржува, другпат не поддржува. Но на крајот снимката треба да биде сериозна потврда и за нашиот пријател, пратеник во ЕП, Ковачев којшто секако е загрижен дали и понатаму политиките коишто ги генерираат низ ЕП да бидат позитивни и пријателски. Јас верувам дека ќе бидат позитивни и пријателски, рече Заев по потпишувањето на меморандум за соработка за реформи во правосудството во Владата.

sdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

Горан Наумовски26/08/2026 - 10:51

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски26/08/2026 - 09:2326/08/2026 - 09:35

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

Горан Наумовски24/08/2026 - 18:15

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски21/08/2026 - 07:5521/08/2026 - 07:57

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

Горан Наумовски20/08/2026 - 16:14

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Предраг Петровиќ19/08/2026 - 18:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео