А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев: Промени ќе има и во Владата и во СДСМ

by А1он06/05/2019 - 13:21137
Share0

Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека по завршувањето на претседателските избори ќе има промени за да се отстранат слабостите во извршната власт, почнувајќи од Владата, заменици-министри, државни секретари, по вертикала во државните институции, јавни претпријатија, акционерски друштва во државна сопственост, но и во СДСМ.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Од денеска ќе почнам да правам анализи, секако во одредени консултации со првите соработници поради тоа што гајретот и грижата првенствено е моја. Знаете дека мора да бидат затворени изборите, со официјално прогласување од Државната изборна комисија со самиот извештај за да ги почнеме таквите постапки. Јас сум надлежен во извршната власт, овде ќе има промени, изјави Заев во Владата, одговарајќи на новинарско прашање за најавената „Метла“ по изборите.

Најави дека истовремено ќе прави промени и на другото место каде што е надлежен како претседател на СДСМ.

– Имаме намера и овде да направиме одредени промени, со одредени носители на функции, на локално и на централно ниво, сето заедно. Имам намера затоа што партијата добила одговорност низ органи и тела на политичката партија, но и низ органи и тела на државата, како што постојат, пред се Парламентот, кој ја бира Владата и владините претставници, во еден најбрз период да се направат промените заради тоа што време е за работа. Државата има претседател, ветер во грб и во нашите сидра добивме сите и она што мора да го направиме е промена на одредени раководни структури, одредни функционери кои покажаа слабост, рече Заев по примот во Владата по повод Денот на македонскиот јазик.

Следете a1on на Youtube YouTube

Додаде дека на нивно место ќе има нови кадри кои ќе треба да извлечат поука, да не ги повторат истите грешки како претходните и истовремено да покажат уште поголем резултат од претходните.

vladaZaev

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Горан Наумовски09/09/2026 - 13:28

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски08/09/2026 - 14:1608/09/2026 - 15:12

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:3006/09/2026 - 12:33

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:12

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски06/09/2026 - 11:3906/09/2026 - 11:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео