ВИДЕО: Заев прогласи победа на Стево Пендаровски

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, прогласи победа на Стево Пендарвоски во првиот круг од претседателските избори. Тој кажа дека од 98,28 отсто пребројани гласови, Пендаровски освоил 321.201, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска-Давкова 316.872, а кандидатот на Беса и Алијанса за Албанците, Блерим Река 79.169 гласови. Според овие првични неофицијални резултати, Пендаровски освоил 4.300 гласови повеќе од Силјановска-Давкова.

„На овие избори и во првиот и во вториот круг се одлучува дали ќе продолжиме напред. Во вториот круг ќе се спротистават два целосно спротивни концепти. Прогресивниот концепт на Стево и концептот на Силјановска кој е деструктивен. Знам дека во вториот круг уште посилно граѓаните ќе го поддржат напредокот“, рече Заев.

Тој додаде дека е убеден дека Пендаровски во вториот круг на 5 мај ќе го поддржат повеќе граѓани.

„Очекувам оние кои гласаа за Блерим Река на 5 мај да придонесат за патот кој води напред. Ова се важни избори зошто определуваат колку брзо ќе почнеме да живееме европски. Повикувам на големо обединување на вториот круг за сигурен чекор на патот кон ЕУ и НАТО“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?