Заев: Продолжуваме со акциите за помош на граѓаните

Од:

Аапелираме за практичните потреби коишто во полавените места се навистина неопходни за граѓаните коишто трпат огромни штетни последици од поплавите. Денеска сме повторно во неколку населени места, во Инџиково, во Црешево, во Стајковци и во други населени места во околината, рече Зоран Заев.

Од утрово, екипите на Општина Центар, на Куманово и на Струмица се овде, на територијата на Сингелиќ, на Смилковци, со продолжување на активностите од вчера.

Денеска, покрај специјализираните возила коишто доаѓаат од општините коишто се раководени на СДСМ, испратени се 5 мали камиончиња со носивост од 2 до 5 тона и неколку скипери коишто, навистина, им требаат на граѓаните за да може да ги натоварат сите оние оштетени алишта, работи коишто ги имаат од своите домови изнесено во дворовите и пред самите улици.
И навистина, најголемата потреба, апелираме, е да се испратат вакви камиончиња и други скипери за да може да се отстранат сите тие оштетени работи од самите улици.

Апелот сакам да го искористам како можност да допре до сите општини, пред се’ урбаните општини. Сите имаат своја механизација и неколку специјализирани свои возила.
Навистина, доколку сами дојдат и ги стават своите ресурси на располагање на државните штабови за управување со кризи, како и на Градот Скопје, може во многу да се помогне на граѓаните.

Следната потреба којашто, исто така, е од огромно значење, Градот Скопје и општината Гази Баба да донесат одлуки, во близината на сите овие населени места за претоварни станици за отпадот за да можат граѓаните уште полесно, во близината на своите места, да го отстрануваат отпадот преку овие возила како би можеле понатаму комуналните претпријатија од градот Скопје да ги носат на соодветните депонии.

Ова, во моментот, според наши проценки, е нешто коешто е најважно, покрај помошта којашто им е потребна на граѓаните.

Денеска доаѓаат и неколку шлепери со вода, неколку комбиња со други прехрамбени намирници, ќе бидат распоредени по сите овие места, но апелот е, навистина, сите урбани општини да се вклучат, имаат свои механизации и можат многу да помогнат на локалното население коешто трпи несогледливи последици.

Значи критики и тоа како се потребни, без разлика за кој се однесуваат, ако ги нема критиките секако ќе се повтори тоа што никогаш не го посакуваме. Но, во моментот ако се дикректно извадат на површина сите слабости на системот тогаш дефинитивно тоа може да предизвика дополнителен револт и гнев кај граѓаните, на кои им е навистина многу болно и тешко во овие моменти. Чувствата на граѓаните се поттикнати, навистина треперат во душите на сите овие граѓани и буквално ни треба единство и солидарност на сите вклучени во помагањето на граѓаните. Сите стручни луѓе и ние како опозиција ги знаеме деталите и слабостите на ова наше општество. Само ќе кажам, кога е се споено со државата и не постои државата, туку се е партија и еве во моментот кога треба државата и државните институции тие ги нема. Но, сакам тоа да го искористиме како една поука сите, да се вградиме заедно, солидарно, рамо до рамо и да му помогнеме на нашиот народ. Сега не ни требаат политички поени, не ни требаат борби за гласови или слично, сега им треба помош на граѓаните, таа им е толку насушно неопходна каде што секое политиканство би било калкулација и неискрена помош кон нашите сограѓани.

Би можело да ве интересира

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска