Заев: Продолжува надоградувањето на концептот за едно и еднакво општество за сите

Од:

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците денеска се вселува во новата владина зграда. Увид на вселувањето денеска изврши премиерот Зоран Заев кој изјави дека Владата втор мандат успешно продолжува да го надоградува концептот за едно и еднакво општество за сите.

– Нашето општество е изградено од граѓани со различни етнички, јазични, културни, религиозни или други особености кои се наше богатство и сите ние припадници на различните етнички заедници сме дел од нашиот мозаикот наречен Северна Македонија и сите даваат личен и значаен придонес во развојот на нашето мултикултурно и мултиетничко општество, рече премиерот.

Доследно почитувајќи ги европските вредности, додаде тој, како Влада обезбедуваме заштита на сите прашања кои се однесуваат на политичкиот живот и односите меѓу заедниците, почитувајќи го спроведувањето на правото на употреба на јазиците и писмата на заедниците и гарантирањето на заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на нашите заедници.

– Со таа цел денес се наоѓаме во новиот објект на владата на РСМ каде помеѓу другите институции ќе биде и Министерството за политички систем кое беше основано со единствена цел на најдобар начин да одговори на потребите на граѓаните, нагласи Заев.

Тој истакна дека со обезбедување на просторното решение се обезбедуваат услови за реализација на работите што се однесуваат на функционирање на политичкиот систем, реализацијата на стратешките приоритети поврзани со обврските кои произлегуваат од Рамковниот договр, како и обезбедување координација и усогласување на работата на органите на државната управа за спроведување на овој договор.

– Реализирајќи ја стратешката програма и рамка, јакнејќи ги институциите, Владата продолжува посветено да работи на општество кое не прави разлика меѓу немнозинските и мнозинските граѓани, општество на еднаквост. Европските принципи и вредности се клучни на нашиот пат на кој веќе се наоѓаме и кои значат обединување и почитување на индивидуалните и колективните идентитети, грижа за различностите и ранливите граѓани, почитиување на мултикултурноста и интеркултурниот дијалог, порача Заев.

Сега повеќе од било кога, истакна, треба да работиме сплотено, заедно, за да ја напоравиме земјата подобро место за живеење.

– Сега со уште повеќе верба, посветеност и единство да се посветиме на градењето европски стандарди дома. Тие стандарди значат одговорност и отчетност пред граѓаните во борбата за едно општество за сите, значат бескомпромисна борба со корупцијата и криминалот за да се обезбеди достоинствна живеачка тука во нашата татковина, заклучи Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање тој информира дека новите простории на Министерството се откупени од Акционерското друштво за станбен и деловен простор или ПУИГ.

– Новиот простор благодарение на можноста самата Влада, министрите под раководство на првиот потпретседател на Владата, од голем дел на заштедените средства уплати 620 милиони денари или 10 милиони евра на Акционерското друштво за станбен и деловен простор за да ја откупи зградата која го врати кредитот. Државата си врати кредит со овие пари, притоа доби едно ново Министерство, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он