Заев: Прочка е празник на простувањето, но простувањето не значи да се заборави

Од:

Претседателот на СДСМ и експремиер Зоран Заев упати видео порака за денешниот празник Прочка во кој вели дека бил првиот кој повикал на помирување и се враќа на настаните од 27 април кога на првата годишнина од крвавите настани „подал рака и понудил да се отвори процес на прочистување од злото што зад себе го оставил режимот“.

„Понудив да направиме заеднички подвиг и прв чекор за правда и правна држава и за чист старт за нашата заедничка иднина. И ќе продолжам да повикувам на заедништво, зашто знам дека со секој следен повик може да се разбуди нова човечка добрина. Денеска е прочка и ден за простување, но тој чин нема да ја добие суштината ако претходно нема покајание. Простувањето ќе остане празен збор, ако од лагата се прави поголема лага. Ако продавате кули од лаги и магла. Прочка е празник на простувањето, но простувањето не значи да се заборави. И нема да заборавиме – бидејќи имаме заедничка цел – правда! Jас ја гледам целта на нашиот пат и таму ја гледам правдата. До неа ќе стигнеме заедно со сите вас. Тоа го должиме и тоа ќе го испорачаме. Судството мора да се соочи со граѓаните и да се промени! Последните бункери на заробената држава ќе паднат. Ние веруваме во тоа за што се залагаме. Правдата и владеењето на правото, демократијата, слободата на говорот, слободата на изразување се нашите вредности. Да паметиме и да се крепиме од овој дух на простување и помирување со кој е исполнет денешниот ден. Да си посакаме многу мудрост и трпеливост во нашиот стремеж за достоинствен дом – дом на правдата за сите наши граѓани. Да бидеме подобри луѓе, за да имаме подобра заедница“, се вели во говорот на Заев.

Би можело да ве интересира

Ковачевски за средбата со Заев и Ахмети: Зборувавме за настапот на партиите на изборите и за членството во ЕУ

Александар Тодески

Ковачевски за писмото на Заев: Во демократија секој има право на став

Блиски луѓе на Заев ќе работат за фирма на белоруски конзул во Македонија: Кој ќе копа јаловина во РЕК Битола за 25 милиони евра

Орце Костов

Ципрас во Струмица на гости кај Заев

Заев: Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Преспанскиот договор кој се однесува на патоказите

Груби: Ќе има Албанец премиер, договорија Ахмети и Заев, потврди и Ковачевски

Катерина Ѓуровски