Заев пристигна во Белград, на аеродромот пречекан од министерот Ненад Поповиќ

Од:

Зоран Заев вечерва пристигна во Белград, каде што утре се очекува да се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со српската премиерка Ана Брнабиќ. На аеродромот „Никола Тесла“, македонскиот премиер беше пречекан од српскиот министер за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ.

Поповиќ е српскиот министер чие што име се споменува во „Рајските документи“. Според документите што излегоа од две агенции за оф шор услуги од Бермудските Острови и Сингапур, покажуваат дека Поповиќ поседува имот што вреди најмалку 75 милиони долари, а дека неговата пазарна вредност е повисока од 100 милиони долари, со што тој убедливо е најбогатиот српски политичар.

Заев на средбите со српските лидери утре ќе разговара за унапредување на билатералните односи помеѓу двете земји, европскиот пат на Македонија и Србија, како и за зајакнување на економската соработка.

Премиерите на Србија и Македонија ќе разговараат за начините за унапредување на односите на двете земји, по што ќе одржат пленарна седница, а предвидена е и заедничка прес конференција на Заев и Брнабиќ.

Ова е прва посета на Заев во Србија од кога стана премиер и по напнатоста во билатералните односи, која кулминираше кон крајот на август со повлеквањето на целиот персонал од српската амбасада во Скопје.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Оштетена српската амбасада во Техеран

Српските студенти порачаа: „Нема да одиме за совет во Москва“

Горан Наумовски

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

Во Србија најпопуларен светски лидер е Владимир Путин

А1он

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Нема одговор кој дозволи преку македонската граница да помине огромна количина на дрога и да заврши во Србија

Горан Наумовски