(ВИДЕО) Заев: Преговорите за членство во ЕУ ќе ги водат најдобрите луѓе од институциите

Од:

Премиерот, Зоран Заев, преку седницата на Комисијата за европски прашања вели дека по одлуката за отпочнување преговори за членство во Европската унија, веднаш ќе почне да ја подготвува преговарачката структура.

Заев истакна дека се израдувале на препораката, но истовремено ја продолжиле европската динамика. Премиерот вели дека во Владата се спремал планот „18“, а ќе се работи со сите политички партии.

„По донесувањето на одлуките за преговори во јуни, ќе ги подготвиме и преговарачите. Со овој чекор, ќе демонстрираме сериозност. Овде ќе ни требаат најдобрите луѓе од институциите. Треба да имаме предвид дека членството во ЕУ ќе ги отвори најголемите теми, како реформите во судството, владеење на правото, човекови права и така натаму. Реформиран државен систем ќе ни помогне да станеме до европските политички системи. Ги засукаваме ракавите, не чека полни раце работа“, кажа Заев во обраќањето.

Премиерот подвлече дека Владата ќе продолжи со засилена динамика.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање