Заев: Пред судот како странки во постапката подеднакви се и одбраната и обвинителството

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска апелираше да има соработка и меѓусебна почит на сите чинители во правосудните постапки, притоа порачувајќи дека и одбраната и обвинителството како странки во постапката се подеднакви пред судот.

Одговарајќи на новинарски прашања за актуелните случувања во правосудството, Заев повтори дека она што го очекува се ефикасни и транспаретни постапки.

– Граѓаните сакаат резултати. Кога има нетрпение меѓу судот и обвинителството, тоа граѓаните непријатно го доживуваат и затоа реагираат. Апелирам да има соработка. Подеднакво пред судот како странки во постапката се и одбраната и обвинителството. Треба да се знаат истанците кој како е поставен во општеството, но секако да се има и меѓусебна почит за работата на секој од чинителите во правосудните постапки, порача Заев по средбата со претставници на Европската конфедерација на сидникати и на ССМ.

Додаде дека она на што ќе останат посветени ќе биде зајакнувањето на правосудството, неговата независност, ефикасност и транспаретност.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

Горан Наумовски

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

СДСМ: Преземање на судството, неуставна Резолуција и Катица во функција на власта се дел од исто сценарио

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“