(ВИДЕО) Заев пред пратениците: Вашата одлука ќе ја испрати ФИРОМ во историјата

Од:

Премиерот Зоран Заев пред пратениците во Комисијата за уставни прашања го образложи предлогот на Владата за уставни измени. Тој ги повика сите да гласаат „ЗА”.

„Во духот на транспарентноста за предлозите за измени на Уставот беа достапни за сите. Општиот увид и реакцииите од јавноста се дека нема ништо спорно. Академската јавност оцени дека се е во согласност со интересите на Македонија и меѓународните стандарди. Јасно се гледа дека измените заслужуваат поддршка од сите пратеници, за членство во ЕУ и НАТО и за подобар живот. Собранието е институцијата која треба да донесе одлука следејќи го интересот на граѓаните. Пратениците да донесат одлука по сопствено убедеување и без притисок од никого. Вашата одлука ќе ја спрати ФИРОМ во историјата”, им порача Заев на пратениците.

Тој ги повтори четирите амандмани кои се однесуваат на додавање на придавката Северна, преамбулата, територијалните гаранции и за грижата за малцинствата во другите држави.

На крајот уште еднаш ги повика сите да се обединат околу националните интереси.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on