(ВИДЕО) Заев: Прашајте ги ДУИ дали претходно знаеле дека има прислушување

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, на прес конференција, одговарајќи на новинарски прашања рече, дека се што се однесува во снимените разговори а е договарање на криминал и кршење на човековите права, ќе биде објавено.

Премиерот, рече е избран од сите граѓани, без разлика, Македонци, Албанци, Роми, Турци и нема право да се крие зад пратениците за амнестијата на Хашките случаи.

„Не може да изјавува, така одлучија пратениците. Тоа е грдото лице на Никола Груевски. Нашата пратеничка група гласаше против автентичното толкување. Прашајте ги ДУИ дали претходно знаеле дека има прислушување“, рече Заев.

За последните мерки кои ги ветува Груевски, Заев вели дека се како кога давеник се фаќа за сламка за да ја спаси својата кожа.

„И Куманово да побара сега да стане главен град, тој ќе им го даде и тоа. Но, крајот е дојде. Да направиме, ова зло, да не се повтори никогаш“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО