Заев: Повторно сакаат да ја заробат и упропастат државата

Од:

За пуста желба за власт биле спремни државата да ја носат низбрдо, а народот да страда. Овие денови сведочиме загрозување на Договорот од Преспа, на Договорот за добрососедство со Бугарија, на Охридскиот рамковен договор, на заедничкото едно и еднакво општество, на мирот на граѓаните внатре и на добрите односи со соседите, напиша попладнево премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил откако ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Алтернатива, Левица и БЕСА до Собранието поднесоа иницијатива за гласање на недоверба на Владата.

-Но, има оваа држава свој народ, и граѓани, и демократи, и борци, и политичари и партии кои нема да дозволат Мицкоски, Апасиев и Груевски да ја заробат и упропастат државата одново.

Нашата кауза е и граѓанска и државничка. Знам дека позади таа кауза како бедем гордо стојат мнозинство од нашите граѓани и мнозинство од нашите пратеници. Демократијата, слободата, солидарноста и заедништвото се нашите вредности, наведува Заев.

Би можело да ве интересира

Премиерот на Република Српска поднесе оставка

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Федерика Могерини поднесе оставка

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“