Заев повторно избран за претседател на СДСМ

Од:

Зоран Заев со 59.240 гласа „за“, 865 „против“ и со 277 неважечки ливчиња е избран за претседател на СДСМ на првите непосредни внатрепартиски избори.

Како што истакнаа од Централната изборна комисија (ЦИК) на СДСМ изборниот ден помина во најдобар ред, без попречување и согласно утврдените прописи.

На 237 избирачки места од вкупно запишаните 68 991 активни членови гласале 90 отсто, а првичните резултати се за преброени 227 избирачки места.

Според ЦИК, целиот изборен процес е регуларно и успешно завршен, а СДСМ денес спроведе транспарентен демократски внатрепартиски изборен процес согласно сите статутарни одредби и одредбите на Правилникот на сите 237 избирачки места во сите 80 општини во периодот од 8 до 19 часот.

-Согласно бројот, односно процентот на пребројани гласови имајќи ја предвид слободно изразената волја на членовите на првите директни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ е избран Зоран Заев. Денес поставивме нови стандарди во политичкото дејствување, нова пракса во демократските процеси,порачаа од ЦИК на СДСМ и додадоа дека внатрепартиски избори се спроведоа целосно безбедни за здравјето на сите учесници со строго почитување на мерките и препораките за заштита на здравјето.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар