Заев: Порано бевме ФИРОМ, сега за цел свет сме Македонци од Северна Македонија

Од:

Кога се претставува државата, а фудбалската репрзентација ја претставува државата, тогаш се употребува Северна Македонија, додека македонско, македонска, Македонец, сите делови на придавката, нашиот идентитет, македонскиот јазик се употребуваат во сите други форми на дискусија, општење и соопштување на нашите ставови, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.

На прашање од пратеничката Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ за извинувањето дека направил грешка што напишал „македонска фудбалска репрезентација“, Заев посочи дека коректно е и политички, човек да се коригира, кога нешто е спротивно на Преспанскиот договор.

– Јас сум ги потпишал договорот, сум го преговарал тој договор и апсолутно целосно го гарантира македонскиот идентитет, македонскиот јазик и нашата македонска национална посебност. Апсолутно нема дилема кога се употребува на Северна Македонија, а кога македонско, Македонец, Македонка и така натаму, изјави Заев.

Претходно за сите во светот, посочи Заев, бевме ФИРОМ, додека денеска за целиот свет сме Република Северна Македонија, но сме потврдени како Македонци, кои зборуваат македонски јазик.

– Јасно е согласно Преспанскиот договор, што е Закон ратификуван во нашето Собрание, што е придавка македонско, македонски, Македонец, Македонка и слично, а што е употребата на Северна Македонија кога се претставува државата и државните институции и тоа е јасно разграничено. Проблемот е во тоа што секогаш барате начин како да ја замајувате јавноста преку неискрен пристап, во делот на она што претствува гарантирање на иднината и на Македонците, но и на сите кои што живеат во нашата земја, изјави Заев во одговор на прашањето на пратеничката Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада