Заев: Политичка манипулација се референдумите за станови за бегалците

Од:

Премиерот Зоран Заев смета дека референдумите од неколку општини за изградба на станови за бегалци најавени за денот на локалните избори се политичка манипулација за дефокусирање на вниманието на граѓаните во пресрет на изборите.

– Македонија не е толку добра земја за да останат бегалците овде. Дај боже да е добра земја, тогаш ќе имаат аспирации да останат. Ова е политичка манипулација од страна на нашиот политички опонент којшто сака да го дефокусира вниманието на граѓаните во пресрет на локалните избори и тоа го прават се’ со конечна цел исплашени дека ќе ги загубат и општините, изјави Заев одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Велес.

Премиерот рече дека ако преку мнозинството во поголемиот дел од општините биде спроведен рефверендум за забрана за отворање кампови во Македонија, на нив ќе гласа и СДСМ со што 100 проценти ќе се покаже дека ќе нема кампови.

– Ставот на СДСМ ќе го изразам заедно со коалициските партнери и тоа ќе биде многу логичен и едноставен за баналноста на оваа политика да ја доведеме до апсурдност. А тоа ќе значи дека и ние ќе го подржиме референдумот. СДСМ ќе гласа на тој референдум и ќе биде 100 проценти дека ќе нема кампови. Тоа само по себе потврдува дека е само лага постапката дека некој сака да ја заштити Македонија од отворање кампови за бегалците, потенцира Заев.

И порача на опозицијата да креираат добри политики и да се претстават пред граѓаните со своите кандидати и програми.

– Македонија заслужува компетентна власт и на програми и на политички партии пред се на личности пред се’ во делот на советите и на кандидатите за градоначалници.Тоа се перспективите коишто ги очекуваат граѓаните, нагласи премиерот.

Најавувајќи ја кандидатурата на Аце Коцевски за градоначалник на Велес Заев потенцираше дека до тој кандидат дошле преку анкета.

Велес, според Заев, ќе има добри перспективи. – Очекувам градоначалникот и политичарите овде да си го земат заветот и зборот пред велешани. Велес заслужува многу посилни и подобри перспективи од тоа што е денеска и се надевам дека тоа така ќе се случи, рече Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски