Заев: Политичарите да стојат подалеку од судството, стручни луѓе да ги спроведат реформите

Од:

Не е моја работа, ниту на кој било друг политичар, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарско прашање во врска со изборот на нов државен јавен обвинител.

Заев на прес-конференција соопшти дека нема информации, ниту побарал да биде информиран за работното тело при Министерството за правда кое треба да ги спроведе реформите во судството.

– Верувам дека стручни луѓе ќе ги носат на свои плеќи реформите. Ние политичарите треба да бидеме малку подалеку од тоа, освен да го држиме кормилото за конечната цел да биде независно правосудство. Верувам и дека се консултираат меѓународните организации, дека сениорската група предводена од Прибе ќе има значјно влијание во овој процес пред се преку пренесување на искуствата, но на крајот, институциите се тие што ќе носат одлуки, потенцира Заев и ги повика медиумите будно да ги следат реформите во правосудството за политичарите, како што напомена, воопшто да не си дозволат мешање во постапките кои ќе доведат до независно судство.

За односите со Србија, Заев истакна дека добриот збор и искреното пријателство ги решаваат проблемите. – Се што беше во врска со случајот е веќе кажано преку соопштение и преку изјавите на министерот за надворешни работи и на вицепремиерот за европски прашања, истакна премиерот.

Според Заев, за Живаљевиќ и неговата изјава треба да се изјаснат самиот тој, Србија и официјалните институции.

– Ние во тој период бевме опозиција и навистина не сме имале никаков начин како да се информираме дали имало или немало дозвола од некој, рече Заев на прес-конференцијата во Владата на која соопшти дека од октомври стартува евтината тарифа на струјата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев