Заев: Подготвени сме за локални, без барање за предвремени парламентарни избори

Од:

Опозицијата е подготвена да оди на локални избори, ако бидат одложени за две недели, без барање за предвремени парламентарни избори.

Ова, како што пренесуваaт телевизиите Канал 5 и струмичката Вис, стои во последниот предлог што опозицијата експресно го доставила до власта по писмото на еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Потпретседателот на СДСМ Зоран Заев во изјава дадена денеска во Струмица вели дека доставиле предлог со пет точки кои во голем дел се согласуваат со предлозите на претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски за да се надминат несогласувањата.

1. Го прифаќаме предлогот на Претседателот Иванов кој е веќе прифатен и од ВМРО-ДПМНЕ и предлагаме конституирање на експертската комисија пред почетокот на кампањата – за ова се потребни неколку денови.

2. Го прифаќаме предлогот на Премиерот Груевски, заедно да го донесеме изборниот законик со вградени препораки на ОБСЕ И ОДХР и да испратиме позитивна порака до меѓународната зедница – и за ова требаат неколку денови.

3. Го прифаќаме предлогот на Премиерот Груевски заедно да го дефинираме зголемениот и зајакнат мониторинг на локалните избори – и за тоа требаат неколку денови. Притоа го преформулираме последниот наш став и предлог.

4. Заради прифаќање и реализација на предлозите на Претседателот на државата и Премиерот потребни се минимум 14 дена кој истовремено ќе бидат доволни за подготовки на опозицијата за учество на локалните избори.

5. Доколку коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ добие подршка од граѓаните со 1 глас повеќе на советничките листи од коалицијата предводена од СДСМ – предвремени избори нема. (овде нема никаков ултиматум)

Ова го предлагаме пред донесување на одлуките за следните чекори на опозицијата зад која стојат 439.000 гласови.

Доколку генерално е прифатливо, а сепак постојат одредени дилеми за детали околу овој предлог, прифаќаме или предлагаме лидерска средба на која ќе присуствуват и двете најголеми албански политички партии.

Овој предлог пакет е потврда за нашата силна решеност и желба за добрата иднина на државата, политички дијалог и Евроатлантски перспективи на Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?