Заев побара пратениците да гласаат за доверба на Владата

Од:

Премиерот Зоран Заев побара од пратениците во Собанието да гласаат за доверба на Владата. Тој посочи дека во изминатиот период кружат лажни вести дека власта немала мнозинство во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ имала 61 пратеник. Како што образложи Заев, барањето е за да се види дали тие вести се точни или не.

„Да побарам од вас пратениците да гласате за доверба на Владата. Ред е да се соочиме и расчистиме. Да го видиме на дело толку долго време најавувано, наводно мнозинство на опозицијата. Ова е момент кога ќе покажеме колку има вистина во најавата за мнозинство на опозицијата. Мора да е едно од двете, ако не и двете заедно. Покрај сите обиди за опструкции и блокади, граѓаните секој ден се изложени на лажни вести за некое ново и непостоен мнозинство, нова нестабилност. Тоа е само поради внатрепартиски цели на ВМРО-ДПМНЕ, а со цел да се претстави поинаква перцепција на граѓаните. Вистината е најсилното оружје. Парламентарното мнозинство, јас владата и коалицијата нема да дозволиме неизвесност, сопки, блокади и опструкции“, рече Заев на собраниска седница.

Заев објасни дека без дебата, бара да се гласа за доверба на Владата.

„Во име на сето претходно кажано, во име на вистината ја преземам обврската кон граѓаните согласно член 93 став 1 од Уставот, и член од 217 став 2 од Деловниот на Собранието, да побарам изјаснување на Собранието за доверба на Владата“, додаде Заев.

Инаку, Уставот предвидува дека доколку на биде изгласана доверба на Владата, тоа прашање не може повторно да биде поставено на дневен ред во наредните 90 дена. Во спротивен случај, доколку и биде изгласана недоверба, тогаш Владата треба да поднесе оставка.

Собранискиот деловник, пак, предивидува Собранието да гласа за доверба на Владата на истата седница, доколку предлогот доаѓа од претседателот на Владата, усно на собраниска седница, како што е случај сега.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски