Заев: По промените, се случуваат незапирливи демократски процеси!

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски, денеска се сретна со амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли.

-Мнозинството граѓани во Македонија избра промени на парламентарните избори.

Мнозинската волја на граѓаните мора да биде почитувана. Република Македонија ќе добие Влада којашто ќе работи во интерес на сите граѓани на Македонија, рече претседателот Заев.

Претседателот на СДСМ нагласи дека институциите се должни да работат во служба на граѓаните.

-Граѓаните се определија за добар живот, за слобода, за демократија. Тоа што граѓаните не подлегнаа на манипулациите и провокациите изминатите денови е уште една потврда дека општеството е зрело за промени. Деновите што престојат ќе покажат дека започнатите демократски процеси во Македонија веќе никој не може да ги спречи.

Разбудена е свеста дека тоа е клучот за перспективна и стабилна Македонија, во којашто доаѓа живот за сите граѓани, рече меѓу другото претседателот Заев на средбата со американскиот амбасадор Бејли.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата