(ВИДЕО) Заев по примопредавањето: Денеска е почетокот на реформите во Македонија

Од:

Премиерот Зоран Заев по примопредавањето кажа дека техничкиот премиер Емил Димитриев го запознал со сите неопходни работи и кажа дека се поминало во пријателски начин, што испраќа порака дека без разлика на разликите, на сите им е јасно дека ќе си требаат меѓусебно поради граѓаните.

-Уште еднаш ја честитам новата Влада. Господ да ни дава памет на нас политичарите мудро да водиме, исклучиво во интерес во граѓаните и господ да ни ја чува Македонија. Денеска е почетокот на реформите во Македонија, рече Заев.

Тој кажа дека најголеми реформи ќе бидат во правосудството, каде ќе се вгнездуваат професионалност и непристрасност.

-Ќе дадам насока да се отворат портите, Владата треба да биде достапна, таа е Влада на сите, мора да биде отворена, рече Заев на новинарско прашање дали ќе ја отстрани оградата пред владата.

Тој вели дека мора да се гарантира и безбедноста и идннината врз сите граѓани и го осуди нападот врз екс министерот за здравство, Никола Тодоров.

-Констатиравме со Иванов дека ни е потребна соработка. Ги извршуваме функциите во интерес на граѓаните, ќе направиме се оваа соработка да биде на највисоко ниво. Јас сум за соработка со сите, верувам дека на Македонија и треба оптимизам и позитивни пораки, рече премиерот Заев.

Заев рече дека денеска се укинува екстерното тестирање преку измена на три законски решенија, што е добро за децата.

-Со барањето јавно оставка од Марко Зврлевски почнаа реформите во правосудството, ќе почнат и економските промени. Верувам дека може посреќно и побериќетно економски да се живее во Македонија, истакна Заев.

На прашањето каде ќе живее, рече дека нема да спие повеќе во партијата и ќе ја користи вилата на премиерот, но најверојатно неговата фамилија ќе остане во Струмица.
-Имам намера да бидам татко, пријател, родител, другар, ние 24/7 нема да работиме. Ќе бидеме и родители, пријатели, обични луѓе, верувам дека и како таков им требам на граѓаните на Македонија, рече Заев.

На новинарско прашање, Заев рече дека министерот Тевдовски веќе побарал ревизија на буџетот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски