Заев: Патот е регуларни избори, кредибилна Влада и одговорност за виновните

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Шведска во Македонија, Матс Стафансон.

Заеднички е ставот дека алтернатива за Македонија е враќање на демократскиот пат, преку фер и регуларни избори и функционирање на правната држава.

-СДСМ најостро се спротивставува за обидот на Никола Груевски и Ѓорге Иванов за аболиција на криминалци додека граѓани за 100 ќебапи лежат во затвор. Аболицијата мора да биде повлечена. СДСМ целосно поддржува мирни и ненасилни граѓански протести коишто ја испраќаат пораката за слободна и демократска Македонија, соопшти претседателот Заев.

Тој ги нагласи заложбите на СДСМ и за чист, доверлив Избирачки список, медиумски реформи и овозможување на институциите да работат без партиски притисоци како клучни предуслови за регуларни избори.

-Само преку регуларни избори може да биде избрана кредибилна Влада, признаена од сите којашто ќе обезбеди стабилност и перспектива на Република Македонија, порача претседателот Заев на средбата со амбасадорот на Шведска во земјава, Матс Стафансон.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата