Заев: Отворено делуваме за поголема родова рамноправност – жените денеска се повеќе раководат со високи позиции

Од:

Улогата на жените во сите сфери на македонското општеството е значајна и важна. Нивната активна улога во креирањето и реализирањето на важните стратешки политички прашања од интерес на земјата ќе придонесе за афирмација и реализација на родово свесна политичка определба во подобрување на родовата еднаквост во областа на политичкото учество, а со тоа и учеството на жените во надворешната политика.

Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев, преку видео обраќање на отворањето на вториот панел на тема „Заложбите на мажите за родова еднаквост“ во рамки на конференцијата „Жените во меѓународната политика“ во организација на Министерството за надворешни работи, што денеска и утре се одржува во Скопје.

– Како претседател на Владата, застапувам ефикасно применување на националните стратегии за еднакво и рамноправно учество на жените во политиката, како и на сите препораки кои доаѓаат од меѓународните конвенции, стандарди и позитивни практики. Секогаш треба да настојуваме да го дадеме најдоброто што можеме за нашиот придонес за остварување целосна, безусловна еднаквост на жените и девојките кои се вклучени во политиката, рече Заев.

Тој посочи дека ниту една земја не може да си дозволи да остави еден сериозен дел од својата популација зад себе, и оти девојките и жените мора да го добијат еднаквото право со мажите да учествуваат, да бидат избрани на највисоки позиции, на гласност, во сите сегменти на општеството и развојот, а тука секако спаѓа и нивното учество во надворешната политика на земјата.

– Ние сме должни да го обезбедиме тоа со континуирани политики за родова еднаквост и со спроведување на обврските од меѓународно прифатените конвенции и декларации. Да не заборавиме: Кога се залагаме и кога градиме услови за еднакво и рамноправно учество на жените, всушност градиме подобар свет за сите. Јас повеќе пати сум рекол, и еве ќе повторам и сега:

Во овие услови кога мажите се сѐ уште во многу поголем број носители на функции и на одлуки, исклучително е важна нашата улога, улогата на мажите, во подобрување на системот и нашето отворено делување за поголема родова рамноправност. Да покажеме дека ова не е само женска борба. Ова е борба која треба да биде поддржана од сите прогресивни луѓе. Правата немаат род, а различностите од секаков аспект, па и родов, го прават општеството поправедно и похумано, истакна Заев.

Премиерот истакна дека оваа прва годишна конференција за промовирање на учеството на жените во надворешната политика е еден голем и значаен чекор за остварување на визијата за постигнување поголемо учество на жените во јавниот живот, и зајакнување на позицијата на жените и девојките во таа област.

– Особено ме радува што од оваа конференција ќе произлезе иницијатива за формирање регионална мрежа на жени дипломати од шесте земји на Западен Балкан за размена на идеи и можности за соработка за имплементација на реформските процеси во регионот и за негова промоција и афирмација во меѓународните структури за интеграција во Европската Унија, рече Заев.

Во рамки на конференцијата ќе биде усвоена и Заедничка декларација, со која ќе се креира мрежа на жени дипломати од регионот на Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

(ВИДЕО) Академик Ќулавкова: Се загрозуваат правата на жената

Горан Наумовски

Г.г Стефан: Собрани сме да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена

(ВИДЕО) Поглаварот Стефан: Жената ја изедначуваат со мажи кои никогаш нема да бидат жени

Горан Наумовски

Синодот на МПЦ, граѓани и видни гости на протест пред Соборниот храм во Скопје

Тренчевска: Северна Македонија е за унапредување на родовата еднаквост и еднаквите можности

Горан Наумовски