Заев оствари средба со Партијата на Македонците во Србијa

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, прими делегација на Партијата на Македонците во Србија, предводена од претседателот на партијата Горан Илиевски, во придружба на основачот на оваа партија д-р Драган Доневски.

Гостите покажаа интерес непосредно од премиерот Заев да ги добијат информациите за успешната разрешница на недоразбирањето кое настана со Србија минатиот месец. Премиерот детално им ги пренесе договорените принципи, и истакна дека во иднина сите потенцијални недоразбирања ќе се решаваат низ директна, отворена и редовна комуникација .

Претседателот и основачот на Партијата на Македонците во Србија изразија надеж дека ќе имаат можност да организираат настан кој би можел да биде вклучен во агендата на премиерот Заев за време на неговата посета во ноември, која доаѓа како иницијатива од Претседателот на Србија Александар Вучиќ, а на покана на премиерката Ана Брнабиќ.

Тоа ќе биде прилика да се поттикне поголема активност на македонската заедница во Србија, како што кажаа претставниците на Партијата на Македонците во Србија, и ќе се отвори можност за нивна поголема застапеност во политичките институции и политичкиот живот во Србија.

Премиерот Заев побара, гостите од Србија, во негово име да им пренесат поздрави на членовите на заедницата на Македонците во Србија, со надеж дека тие и понатаму ќе претставуваат драгоцена врска меѓу народите на двете земји.

Би можело да ве интересира

Јовиќ: Србија прими 30 пациенти по пожарот во Кочани, 17 беа лекувани во Клиниката за пластична хирургија и за наша среќа сите преживеаја

Катерина Ѓуровски

Милановиќ: Србија набавува офанзивно оружје и тоа ме загрижува, ние купуваме како овчари

Катерина Ѓуровски

Пленковиќ: Ќе го предупредиме НАТО за новото оружје на Србија

ВИДЕО: Оштетена српската амбасада во Техеран

Српските студенти порачаа: „Нема да одиме за совет во Москва“

Горан Наумовски

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога