Заев оствари средба со Независниот синдикат на професионалните војници

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска оствари средба со Независниот синдикат на професионалните војници.

На средбата претставниците на синдикатот го информираа премиерот Заев за нивните ставови во врска со стандардот на вработените професионалци во Армијата на Република Македонија и побараа поддршка од владата за подобрување на социјалниот статус на професионалните војници.

На средбата беше разговарано и за законската обврска, според која државата е обврзана да обезбеди вработување на професионалните војници на неопределено време во други државни органи, по навршената 45 годишна возраст.

Премиерот Заев ги информираше претставниците на Независниот синдикат на професионалните војници дека Владата на Република Македонија ќе посвети соодветно внимание на нивните укажувања и дека постои добра волја да се најдат соодветни решенија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма