Заев осомничен за примање поткуп

Од:

Челникот на најголемата опозициска партија СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев, е осомничен за примање поткуп од 200.000 евра, објави помошникот министер за информации во Министерството за внатрешни работи Иво Котевски.

Како што беше објавено во министерството во моментите додека во скопска Универзална сала СДСМ продолжи со емитувањето на телефонски разговори на лица од власта за кои посочи дека догаварале изборни иизмами, опозицискиот челник е осомничен дека од едно лице барал по два метра за квадратен метар за да приватизира градежни земјиште.

Како што појасни Котевски, се работи за парцела од 100.000 квадратни метри, и дека Заев побарал мито од 200.000 евра. Било побарано половината да му биде дадена нему, а другата половина за изградба на црква во Струмица.

Како се наведува во материјалот достапен од МВР за медиумите, пријавениот во периодот од ноември 2013 година до денес, во својство на службено лице Градоначалник на Општина Струмица, на лице од Струмица директно за себе и за друг, му побарал подарок од значителна вредност во износ пресметан од по 2 (две) евра за еден метар квадратен градежно земјиште во Струмица, за кое оштетениот бил заинтересиран да го приватизира. Земјиштето е со вкупна површина од околу 100.000 м2, така што вкупната сума што е побарана од оштетениот изнесува околу 200.000 евра. Според документираните сознанија, подарок по една половина требало да биде за пријавениот и за изградба на црква во Струмица. Истиот требало да биде исплатен пријавениот да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши или да изврши службено дејствие што би морало да го изврши, со што истиот се товари дека сторил кривично дело „Примање поткуп“ од член 357 од КЗ.

Поконкретно, во текот на 2013 година, оштетениот како странка заинтересирана за стекнување на право на сопственост на градежно земјиште во Струмица, во подрачни едници на одделни министерства во Струмица и во општинските органи на градот Струмица, повел постапки за откуп на градежно изградено земјиште кое е распространето на две одделни катастарски парцели во вкупна површина од околу 100.000 метри квадратни, по цена од околу 70,оо денари за еден метар кавдратен.

Пријавениот знаејќи дека оштетениот за ова земјиште има право на користење, му понудил да издејствува кај службените и одговорните лица надлежни за водење на постапките за откупување на земјиштето, да се завршат сите подготовки за отпочнување и завршување на процедурите за откуп на земјиштето, по што како градоначалник на општина Струмица би донел конечни Решенија за откуп на земјиштата, доколку му биде даден бараниот подарок од по 2 евра за еден метар квадратен градежно земјиште. Исто така оштетениот требало да ја плати и законски предвидената цена за откупот на земјиштето.

Барањето на поткупот, уште кон крајот на декември 2013 година, оштетениот го пријави и пред надлежниот Јавен Обвинител, по што отпочна преземањето на соодветни мерки и активности за докажување на кривичното дело.

По остварените две средби помеѓу оштетениот и осомничениот во текот на минатата година, како и по обезбедувањето на неопходните докази, произлегоа основите на сомнение дека пријавениот З.З. го сторил кривичното дело „Примање поткуп“ од член 357 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он