Заев од средбата со црногорската амбасадорка Петровиќ: Двете земји почитуваат исти вредности – ЕУ и НАТО

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ, со која потврдија дека двете земји негуваат одлично пријателство и соработка, почитуваат исти вредности, а тоа се Европската Унија и НАТО.

На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, било истакнато дека нашата држава игра конструктивна улога во унапредувањето на односите на регионално ниво, меѓу земјите на Западен Балкан и претставува добар пример каде граѓаните покажаа демократска зрелост и се одлучија за владеење на правото и демократските вредности.

Црногорската амбасадорка Петровиќ на премиерот Заев му ги ги пренела честитките од црногорскиот премиер Душко Марковиќ и му посака успешна работа на новата Влада во новиот четиригодишен мандат.
И амбасадорката Петровиќ и премиерот Заев се согласиле дека продолжуваат во насока на подобрување на билатералните односи и ефективна трговска и економска соработка.

Би можело да ве интересира

Ковачевски за средбата со Заев и Ахмети: Зборувавме за настапот на партиите на изборите и за членството во ЕУ

Александар Тодески

Ковачевски за писмото на Заев: Во демократија секој има право на став

Блиски луѓе на Заев ќе работат за фирма на белоруски конзул во Македонија: Кој ќе копа јаловина во РЕК Битола за 25 милиони евра

Орце Костов

Ципрас во Струмица на гости кај Заев

Заев: Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Преспанскиот договор кој се однесува на патоказите

Груби: Ќе има Албанец премиер, договорија Ахмети и Заев, потврди и Ковачевски

Катерина Ѓуровски