Заев: Од изолирана земја зависна од еден коридор, се интегрираме во енергетски проекти и можности за инвестиции

Од:

Со поддшка на САД како наш стратешки партнер и сојузник во НАТО, Северна Македонија во наредниот период ќе иницира неколку проекти кои ќе бидат значајни за земјата и регионот. Станува збор за вклучување на земјата во изградба на терминалот за течен природен гас во близина на Александропулос, проект кој создава можност за трајно и стабилно снабдување со гас нашата земја, која ќе стане и точка од каде гасот ќе се дистрибуира во регионот и земјите што ќе покажат интерес. Ова поврзување со Грција, со поддршка од САД и ЕУ, ја прави нашата земја енергетски коридор за земјите од ЈИЕ за алтерантивен пристап до значајни енергетски ресурси. Сето ова ја прави разликата што ја направивме за овие три години.

Ова го истакна премерот Заев по денешната средба во Скопје со помошникот државен секретар за енергетика на САД Францис Фанон, а која е континуитет на средбите што премиерот заедно со делегација од земјава ја имаше пред две недели во Грција за време на конференција на која присуствуаше и американскот државен секретар Мајк Помпео.

– За време на посетата во Атина добивме поддршка од конзорциумот Гастрејд за вклучување во изградба на терминалот за течен приорден гас во близина на Александропулос. Со овој проект се создава можност за трајно и стабилно снабдување со гас на нашата земја, која ќе стане и точка од каде гасот ќе се дистрибуира во регионот и земјите што ќе покажат интерес, рече Заев.

Според премиерот ова поврзување е значајно, бидејќи ќе обезбеди уште една можност за добивање гас од Азербејџан.

На средбата, како што соопшти, е разговано и за повторно ставање во функција гасоводот Солун-Скопје кој е изграден во 2000 гдина и кој не е во функција од 2013. Претстојат преговори со Хеленик петролеум и се надевам ќе изнајдеме пријателско решение за овој капацитет да биде ставен во функција брзо. Хеленик петролеум е заинтересирана да го стави во функција и да го надгради како продуктовод на деривати и на тој начин ќе биде создаден хабцентар и освен домашниот би се снабдувале и пазарите на другите земји од регинот.

Како што потенцира премиерот овие проекти на нашата земја ќе и обезбедат стабилно и континуирано снабдување со гас, незавсност и конкурентни цени што е во согласност со нашата дологороча енергетска стратегија.

– Ова повзување со Грција со поддршка од САД и ЕУ ја прави нашата земја енергетски коридор за земјите од ЈИЕ за алтерантивен пристап до значајни енергетски ресурси. Сето ова ја прави разликата што ја направивме за овие три години. Од земја што беше ставена на последниот, изолиран и маргинален енергетскит колосек и која беше ставеа во ситација да биде зависна од само еден коридор, сега е интегрирана во енергеските проекти и вклучена во иницијативи за енергетско поврзување, рече премиерот.

Тој додаде дека отвораме нова ера на соработка со нашите партнери САД и другите земји членки на НАТО, во регионот Грција, Бугарија и Албанија, но и перспективи и за инвестиции на компании од областа на енергетиката.

Премиерот Заев соопшти дека изградбата на интерконекторот меѓу Северна Македонија и Грција чини 54,4 милиони евра, каде маме 13 милиои грант од ЕУ преку Берлински процес, што опфаќа проектирање, изведба надзор, инспекциското тело и менаџментот.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски