Заев од Демир Хисар: Оваа четворка ќе биде победничка и историска!

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска го претстави Планот за живот пред граѓаните на Демир Хисар.

„Сакам да знаете, со Планот за живот ги враќаме слободата, правдата, еднаквоста и демократијата. За овие четири работи се бориме и затоа четворката ќе биде историска и победничка за животот во Македонија!” рече претседателот Заев.

Претседателот Заев се обврза пред многубројните граѓани дека Планот за живот ќе ги задржи младите луѓе да живеат и работат во Македонија. Како што рече, државата ќе ги привлече да останат во државата по завршување на школувањето со тренинг, обука, вработување, со 10.000 евра за најдобрите бизнис идеи со обезбедени бесплатни сметководствени и консултантски услуги за новите бизниси во старт ап центрите.

„Иднината на Македонија е во младите луѓе, тие се моторот на идниот економски раст. За да ни останат младите дома сите заедно избираме живот во Македонија” го заврши своето обраќање претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“