Заев: Очекуваме сериозност и во најкусо време реализацијата на договореното

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев попладнево се сретна со амбасадорката на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалајнен.

Актуелната политичка ситуација во Македонија и обезбедувањето услови за фер и демократски избори беше тема на состанокот.

Претседателот Заев зборуваше со амбасадорката Суомалајнен за најновите информации во преговарачкиот процес околу Договорот од 2 јуни / 15 јули.

-Посветени сме на спроведување на Договорот од 2 јуни / 15 јули. Очекуваме ваква сериозност од сите страни и продолжување на реализацијата на преземените обврски во најкусо време, рече претседателот Заев.

Тој нагласи дека следните избори мора да бидат фер и регуларни со полн легитимитет, бидејки тоа е решението за политичката криза во Македонија.

-Правиме внимателни чекори во таа насока и цврсто сме определени за стабилизација на државата, соопшти претседателот Заев.

Би можело да ве интересира

Димитриевски од Гостивар: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

Предраг Петровиќ