Заев очекува со новата влада на Бугарија да се изнајде решение прифатливо за двете страни

Од:

Премиерот Зоран Заев очекува во април да биде формирана новата влада на Бугарија и со тоа да продолжат разговорите и да се изнајде решение кое ќе биде прифатливо за двете страни, бидејќи, како што рече, тоа е интерес за целиот Западен Балкан, на ЕУ, а дефинитивно и интерес на бугарскиот народ.

Одговарајќи на новинарско прашање денеска на прес-конференција за тоа какви се очекувањата по формирањето на новата влада во Бугарија и дали ќе се укине нивното вето за нашето членство во ЕУ, тој потенцира дека е убеден дека ќе се изнајде решение, но повтори дека македонскиот идентитет и македонскиот јазик, не биле и не може да бидат тема на разговор и преговори.

Заев наведе дека Бугарија во континуитет ги поддржува евроинтеграциите и на Северна Македонија и на целиот Западен Балкан.

-Важно е каква историја денеска пишуваме, важно е што ќе им оставиме на младите, на идните генерации, рече Заев на прес-конференција со министерот за финансии Фатмир Бесими на која говореа за збирниот ефект од четирите пакети економски мерки.

Би можело да ве интересира

Бугарија не учествува во никакви консултации за повторно преговарање за обврските на Македонија, вели Петрова

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Мицкоски очекува „коњопој средба“ во Софија

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фон дер Лајен му рекла на Мицкоски да закаже разговор во Софија, Македонија ќе добие патокази кога ќе се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

Софија одговори на идејата ЕУ да биде вклучена во разговорите со Македонија, потсетува дека обврските остануваат

Фрустрацијата кај македонските граѓани е огромна, отстапките се преголеми, но остануваме на е вропскиот пат, вели Мицкоски од Њујорк