Заев очекува правна разрешница за случувањата во Собранието на 27 април

Од:

Премиерот Зоран Заев очекува правна разрешница за случувањата во Собранието од 27 април. Смета дека треба да се одбележи годишнината од овој немил и, како што го нарече, грозоморен настан, за да се испрати порака, особено до помладите генерации, дека не смее да се повтори никогаш повеќе и дека Македонија е пријателска земја која сака да го унапреди животот на своите граѓани и да биде рамо да рамо со развиените европски земји.

Одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Годишната програма за вработување, Заев нагласи дека поуката што веројатно сите ја извлековме од случувањата на 27 април минатата година е да не се повтори никогаш повеќе.

– Јавноста беше сведок на она што се случуваше. Убеден сум дека ќе има правна разрешница, дека лицата кои го прекршиле законот ќе бидат извадени пред системот на правдата и ќе одговараат, секако, согласно доказите што постојат, дека правниот систем нема да затаи и ќе донесе правични и правилни одлуки со конечна цел, санкционирањето да ја постигне целта за никогаш повеќе да не се повтори ваквиот настан или некој да помисли на ваква работа, истакна премиерот.

Тој изрази задоволство што по речиси една година, како држава, граѓани и општество излегуваме поучени, поприсебни, потрезвени и посериозни, верувајќи во добра иднина.

Според Заев, Македонија беше засрамена од случувањата на 27 април.

– Да покажеме дека во суштина ние тоа не сме, ние сме пријателска земја која сака да ги унпареди условите и квалитетот на живот преку реформите, позитивните препораки кои ги добивме и се што е претставува развој. Македонија останува посветена на унапредување на севкупниот квалитет на живтото на граѓаните, потенцира претседателот на Владата.

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он