Заев очекува до 15. септември да се избере специјален обвинител

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев очекува дека најдоцна до 15-ти септември ќе се избере специјален обвинител.

Одговарајќи на новинарски прашања Заев денеска во Пехчево изјави дека е убеден дека роковите ќе се испочитуваат.

Имаше коментари по порталите со тоа што не прифаќате мнозински листи и предлагате една изборна единица СДСМ се подготвува да изгуби на изборите и бара некакво алиби?

Нашата решеност за победа на изборите е децидна и јасно претставена. За нас Груевски е минато. Десет години ќе направи овој премиер откако ја добил честа од граѓаните,  на почетокот на легитимен начин, а потоа, голем дел со онаа изборна кражба којашто ја видовме преку „бомбите“ и проектот Вистината за Македонија. На сите им е јасно дека после десет години, ќе го исправиме нашиот народ да одлучи дали на овој диктатор ќе му даде нов мандат или не. Тоа ни е повеќе од јасно дека не. Но, најважно е што ќе им понудиме на граѓаните, каква иднина нив ги очекува со промена на оваа власт. Затоа сме целосно убедени во победата.

Но, со победа на СДСМ, не смеат да се случат истите аномалии, истите слабости коишто Македонија ја доведоа до дното. Тоа мора да се промени. Не смее да се случи нов Никола Груевски во Република Македонија. Со моеделот за една изборна единица тоа е веќе загарантирано. Со мнозинскиот модел ќе добијат само СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и секако ДУИ и ДПА. Толку. Малите политички партии не можат да имаат пратеник во вакви околности. Малите политички партии не можат да бидат фактор во ваквите околоности.

Граѓаните не се сите само за СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.  Процент на граѓаните се и за помалите политички партии. Со една изборна единица апсолутно имаме еден подемократски избор. Процесот, којшто ќе донесе одлуки на ваквите избори, ќе даде можност помалите партии да бидат активни чинители во парламентарната демократија и на тој начин идниот мандар, што ќе биде од СДСМ, ќе зависи и од помалите политички партии. Нема никој да се стави во положба да се наметнува апсолутистички, како што тоа го чувствуваме сите овие години.

За специјалниот обвинител, дали ќе се стигнат роковите? 

Јас сум убеден дека роковите ќе се испочитуваат. Законското решение веќе се разгледува помеѓу сите партии коишто учествуваат во работните групи а тука е и меѓународната заедница. Јас очекувам веќе до први септември да помине на работна група за да може веднаш да влезе во парламентот, да се изгласа законот, а до 15-ти најдоцна да се избере името на Специјалниот обвинител. Заради тоа негуваме голема надеж, не само ние како опозиција туку и граѓаните, дека ќе ги отвори овие процеси, ќе ја донесе правдата и согласно одлуките за Специјалниот обвинител и вистинската личност којашто треба да се избере ќе се превземат и првите чекори за враќање во нормала на судството. Мораме да создадеме независни правосудни системи во Република Македонија. Ако нема правда, нема ни мир, нема иднина, нема надеж. Правдата подеднакво мора да биде загарантирана за сите во државата.

Имиња ќе ни откриете? На кого типувате за министер за внатрешни, Специјален обвинител?

За имиња се уште е рано. Ние сме транспарентни и често ги консултираме и граѓаните и јавноста. Нечесно е јас, како претседател на СДСМ и лидер на опозицијата да разговарам со некои поединци без претходно да биде донесен законот, со измени и дополнувања на Законот за специјалниот обвинител. Тогаш е чесно, за вака сериозна функција да се разговара со сериозни луѓе. Редно е прво да знаат по кој закон ќе работат па потоа да разговараме со храбри, стручни и партиски неопределени луѓе да се зафатат со оваа историска чест, но и историска чест којашто претстои за Република Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата